Насловна / Вести / Изградба на локалната патна мрежа во Штипско

Изградба на локалната патна мрежа во Штипско

asfaltiranje vo stipsko
Околу еден километар локални улички во штипското село Лесковица, конечно добија асфалт.

„Инвестицијата е околу шест милиони денари, а во рамките на истиот проект беа обезбедени и 20 милиони денари за патот кон Горачино“, изјави Илчо Захариев, градоначалник на општина Штип.

Оние што останале во селото, се надеваат дека асфалтот ќе ги врати некогашните жители назад.

Инаку, во Лесковица од некогашните над 800 жители, сега живеат околу 140.

„Сите села во Штипско кои немаат патишта, а нив ги има околу 10-ина на број, ќе добијат асфалт во наредните три години, а ќе добијат и водоводи“, додава Захариев.

Испрати коментар

Scroll To Top