Насловна / Вести / Изградба на плоштад во Влае

Изградба на плоштад во Влае

vlae plostad

 По неколку одложувања и градежни паузи општинарите од Карпош повторно работат на плоштадот до станбениот комплекс Порта Влае, пишува „Утрински“.

 Замислениот простор со површина од 6.500 метри квадратни и средиште со кружна фонтана досега требаше да биде готов, а карпошовци да добијат урбано катче со клупи, дрвја и канделабри. Општината најпрвин планираше да издвои 30 милиони денари, за по речиси една година од камен-темелникот да најави 19 милиони денари за довршување и хортикултурно уредување на плоштадот.

„Деновиве работниците работат на партерното решение на плоштадот. Се поставуваат павер-елементи, се исчисти фонтаната и се санираат оштетувањата на фонтаната“, соопштуваат сега од општината. Зелените површини треба да бидат уредени со ниско и високо зеленило на површина од 3.192 метри квадратни, збогатени со 10.000 цветни садници. Зеленилото треба да биде одржувано со систем „капка по капка“ и автоматско полевање. Во наредниот период тука е предвидена и изградба на верски објект, но и поплочување на платото во комплексот Порта Влае.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top