Насловна / Вести / Црниче со ново повеќенаменско игралиште

Црниче со ново повеќенаменско игралиште

igraliste - crnice_1

 До крајот на мај ќе биде пуштено во употреба новото повеќенаменско игралиште во населба Црниче. Дотогаш, екипите на фирмата „Бауер БГ”, кои работат со засилена динамика, треба да го завршат овој спортски објект во ПОУ „Кузман Јосифовски-Питу“, кој ќе нуди можности за рекреација и услови за развивање на спортскиот дух, посебно кај младите.

 Повеќенаменското игралиште, кое ќе се протега на 1.056 квадратни метри, ќе биде од отворен тип. На сите љубители на спортот, бесплатно ќе им бидат ставени на располагање целокупната спортска опрема и реквизити потребни за мал фудбал, ракомет и кошарка. Заградено и осветлено, со клупи за одмор и корпи за отпадоци, ова повеќенаменско игралиште ќе биде место за собирање, дружење и спортување за сите, дури и во вечерните часови.

 Изградбата ја финансира Владата на РМ, преку Агенцијата за млади и спорт. Ова не е единствениот ваков спортски објект во општина Кисела Вода. Во завршна фаза е изградбата на уште едно вакво повеќенаменско игралиште во село Драчево, во ОУ „Св.Климент Охридски“.

igraliste - crnice_2

Испрати коментар

Scroll To Top