Насловна / Вести / IUCN Светски конгрес за заштита на природата

IUCN Светски конгрес за заштита на природата

IUCN (International Union for Conservation of Nature), Светскиот конгрес за заштита на природата, оваа година ќе се одржи во хибриден формат – во живо и онлајн во Марсеј од 3-ти до 11-ти септември. Како прв хибриден еколошки настан од почетокот на пандемијата, Конгресот ќе покрене бројни акции за опоравување базирани на природата, климатските промени и биодиверзитетот после 2020 година, а непосредно пред Конвенцијата на ОН за биолошката разновидност COP15. Деталната програма на настанот може да се види ОВДЕ. Досега потврдени говорници се францускиот претседател Емануел Макрон, принцот Алберт II од Монако, Кристин Лагард претседател на Европската централна банка и Франс Таимерман, извршен потпретседател на Европската комисија. Наа настанот ќе бидат претставени релевантни истражувања, нови студии, извештаи и политички иницијативи, вклучувајќи ги и ажурираните податоци на Црвената листа на загрозени видови на IUCN.

marseille1

marseille2

marseille3

Испрати коментар

Scroll To Top