Насловна / Вести / Италијанска компанија нуди реставрирани примероци од легендарниот Fiat 500

Италијанска компанија нуди реставрирани примероци од легендарниот Fiat 500

Иако Fiat останува верен на традицијата и се придржуваше до класичниот рецепт кај новиот модел 500, сепак има купувачи кои и натаму го сакаат „оригиналот“.  Токму тоа може да им го понуди компанијата Real Italian Car Company. Станува збор за компанија со седиште во италијанскиот град Lucca, која го реставрира и го продава класичниот Fiat 500.  Цел тим стручњаци посветува големо внимание на секој детал.  Компанијата во својата работа ги вклучила дури и оние механичари кои свовремено работеле на Fiat 500, а италијански дизајнер на мебел се грижи за завршните детали.  Меѓу досега реставрираните автомобили се моделите Fiat 500D, 500L и 500F, како и Spiaggina buggy. Што се однесува до цените, тие с едвижат од 9.000 евра па нагоре, во зависност од преференциите на купувачот.

fiat5001

fiat5002

 

Испрати коментар

Scroll To Top