Насловна / Вести / Италија запира со нелегалниот извоз на отпад во Малезија

Италија запира со нелегалниот извоз на отпад во Малезија

Владата на Италија бара да се запре нелегалниот извоз на пластичен отпад во Малезија. Италија е шести најголем извозник на пластичен отпад во оваа азиска земја. На почетокот на минатата година, Кина спроведе забрана за увоз на отпад од други земји, па оттогаш увозот во малезија сериозно се зголеми. Неодамна е спроведено истражување за негативното влијание врз животната средина и здравјето на земјата која веќе долго време е „светска депонија“, а резултатите поттикнаа многу земји да се откажат од оваа пракса. Притоа, претставниците на „Гринпис“ во Италија открија дека речиси половина од отпадот кој Италија го испратила во Малезија во периодот од јануари септември минатата година, го примиле компании кои не работат легално. Законот на ЕУ предвидува дека здемјите членки можат да извезуваат пластичен отпад во земјите вон ЕУ, само доколку истиот е рециклиран, а компаниите кои се бават со рециклажа мора да ги исполнуваат сите ЕУ стандарди.

Голем проблем претставува недостатокот на капацитет за рециклажа во земјите кои го примаат отпадот. Како последица, се јавува и палење на голем дел од пластиката, што сериозно го загадува воздухот и земјиштето. Се забележува и зголемен број на респираторни проблеми во местата во кои се наоѓаат илегалните фабрики што го третираат отпадот на ваков начин.

Обединетите Нации, по Базелската конвенција склопиле спогодба чија цел е да се ограничи испораката на пластиката која не може да се рециклира, во сиромашните земји. Од 2021 година, земјите извознички ќе мора ад добијат согласност од владите на земјите кои примаат контаминиран, мешан или рециклиран пластичен отпад.  Иако производителите на пластичниот отпад  ја одговорноста каде на крај ќе заврши тој отпад, сепак доколку примат документ дека тој отпад е рециклиран, тие е правно безбедни, што дополнително ја отежнува работата за „да се влезе во трага“ на илегалниот транспорт на пластичниот отпад.

plastic1

Plastic waste piled outside an illegal recycling factory in Jenjarom, Kuala Langat

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top