Насловна / Архитектура / Истражување на академскиот простор преку мултифункционалниот спортски центар во Мадрид

Истражување на академскиот простор преку мултифункционалниот спортски центар во Мадрид

Рохо / Фернандез-Шо Архитекти го реализираа проектот за повеќенаменската спортска сала која е дел од новиот кампус на Ранимед (Runnymede), британски образовен колеџ во Алкобендас, Мадрид. Откако победија на конкурсот за санација на комплексот во 2017 година, тие работеа на изградбата на кампусот како истражување на академскиот простор и конфигурација на колективното упориште.

2 1 5

Кампусот Runnymede е отворен систем на павилјони на парцела од 19.895 m², од кои дел од објектите се нови градби, додека останатите интервенции се во рамките на сеопфатни обновувања на постоечките структури. На задната страна на парцелата се просторите за спортски активности, спортската сала Јулија Пауел одговара на потребите за отворен повеќенаменски простор, способен да ги обезбеди редовните часови по физичко образование и академски манифестации, при тоа одговарајќи на барањата на училишната одбојкарска екипа.

Павилјонот дизајниран од Рохо / Фернандез-Шо Архитекти (Rojo/Fernández-Shaw arquitectos) се наоѓа под нивото на земјата за да ја искористи постоечката основа, откривајќи само дел од изградениот волумен однадвор. Во суштина станува збор за висок и отворен простор, пристапна сала на две нивоа, спортски терен и јадро од соблекувални. Приземјето е обвиткано со проѕирна површина од поликарбонат и перфориран поцинкуван лим, што гарантира природно осветлување и ефикасна и одржлива контрола на природните ресурси.

8 7 12

Како и во останатиот дел од кампусот, стилот на објектот се заснова на индустријализација и суво склопување на конструктивните системи и метални обвивки за да се гарантира одржливоста на комплексот во рамките со утврдените рокови. Конструкцијата е рамковен систем, формирајќи волумен за поголема цврстина и акустичност во внатрешноста.

10 11 9 6

Проектирачкиот процес се темели на интеграција и неформален однос помеѓу деловите, во кој габаритите и празнините ги ограничуваат заедничките простори и местата за состанување. На задната страна на парцелата се концентрирани спортските активности, формирајќи простор на покриени и непокриени прегради каде што може да се вршат физички активности и тренинзи од различни возрасти: од игри до тренинзи па се до поголеми спортски натпревари.

13 14 17 16

Испрати коментар

Scroll To Top