Насловна / Вести / Истражувачи во Романија работат на агросоларен систем со батерии

Истражувачи во Романија работат на агросоларен систем со батерии

Во Романија е во тек истражувачко – демонстративен проект „Зголемување на отпорноста на синџирите на исхрана на сложените предизвици на современиот свет“, за развој на агросоларен систем на батерии, наменет за производство на електрична енергија за наводнување во земјоделството.

На чело на проектот е Националниот институт за истражување и развој на изотопски и молекуларни технологии (INCDTIM). Иницијативата има за цел развој на интегрирани и мултидисциплинарни решенија, базирани на иновативни научни и технички концепти. Вредноста на проектот е 10,3 милиони евра, од кои 9,4 милиони евра се бесповратни средства обезбедени од Европскиот фонд за регионален развој, во склоп на програмата „Паметен раст, дигитализација и финансиски инструменти 2021-2027 година“. Проектот трае три години, до 02.11.1028 година. Ќе биде развиен систем во кој фотонапонските панели, со соодветно складирање на енергија, ќе обезбедуваат електрична енергија за наводнување. Системот ќе биде тестиран на парцелите на кои се одгледуваат житарки, зеленчук или лековити билки. Во текот на целата земјоделска сезона, ќе се следат клучни показатели како потрошувачката на вода, производството на електрична енергија, развојот на посевите и намалување на испарувањето на вода поради сенките од фотонапонските панели.

По завршувањето на сезоната, ќе биде спроведена анализа на квантитативното и квалитативното влијание на системите за земјоделско производство, како и придонес во безбедноста на храната преку намалување на загубите на вода и енергија и зголемување на отпорноста на екстремните климатски појави. Покрај тоа, проектот предвидува развој на софтверска апликација за оптимизација на потрошувачката на енергија на фармите.

Испрати коментар

Scroll To Top