Насловна / Вести / Исплатени 42,5 милиони денари субвенции на 11 печатени медиуми

Исплатени 42,5 милиони денари субвенции на 11 печатени медиуми

На 11 печатени медиуми им се исплатени 42.568.620 денари со владината Програма за поддршка на печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2018 година. Одбиени се две барања, на списанието „Порта 3″и на Културното здружение „Визиони М Шења”, кои не ги исполниле критериумите, информира денеска на прес-конференција министерот за комуникации и отчетност Роберт Поповски.

28012019_robertpopovski_programazapechatenimediumi_2

Комисијата за оценка на критериумите утврдила дека „Порта 3″, специјализирано списание за градежништво, архитектура и екологија, не го исполнило основниот услов – печатениот медиуми да е од општ информативен карактер и да е насочен кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања. „Визиони М Шења”, пак, во барањето немале изјава дека под морална, материјална и кривична одговорност гарантираат за точноста и веродостојноста на наведените податоци и потврда оти со правосилна пресуда не им е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење професија.

Како што најави претседателот на Асоцијацијата на печатени медиуми Лирим Дулови, асоцијацијата ќе формира солидарен фонд во кој нејзините членки ќе издвојат финансии за помош на печатените медиуми на кои им се отфрлени барањата.

28012019_robertpopovski_programazapechatenimediumi_9

„Со реализацијата на Програмата денеска може да се каже дека надежта за печатените медиуми се врати. Во соработка со Владата успеавме да најдеме модел што во иднина ќе ја обезбеди нашата работа. Во скоро сите земји од ЕУ веќе подолг временски период владите ги помагаат печатените медиуми“, рече Дулови.

Од Програмата за 2018 со која беа на располагање 50 милиони денари се исплаќаа трошоци за печање и за дистрибуција, врз основа на фактури за 2017 година. На „Нова Македонија” и се исплатени 6.183.000 денари, „Слободен печат” – 14.277.742 денара, „Битолски весник” – 244.500 денари, „Заман” 903.092 денара, ДИТ Зенит прес ДОО Прилеп – 287.343 денари, „Капитал” 2.115.614 дебнари, „Коха” – 4.932.157 денари, „Вечер” – 7.255.047 денари, „Лајм” – 1.043.912 денари, „Фокус” – 4.624.438 денари и на „Економија и бизнис„ – 701.105 денари.

Еден коментар

  1. Izgleda Porta 3 ke mora da pocne da se zanimava so dnevna politika za da moze da dobie nekakva crkavica od budjetot. Kakva Ekologija, Gradeznistvo, Urbanizam, Umetnost…Nie sme samo za politikanstvo, aferi, uceni i dalaveri.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top