Насловна / Вести / Исчистени 27 депонии и 22 зелени потези во општина Аеродром

Исчистени 27 депонии и 22 зелени потези во општина Аеродром

Санирани се 27 депонии и уредени 22 зелени потези на територијата на Општина Аеродром во рамки еко-акцијата што од 29 ноември до 4 декември беше спроведена во соработка со Град Скопје.aerodrom

На терен во рамки на акцијата, како што информира општина Аеродром, биле ангажирани 1.000 луѓе.

Во акцијата расчистени се осум локации во населбата Јане Сандански, четири во Ново Лисиче, пет во Реонски Центар „Аеродром“ и Лисиче и десет во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.

Испрати коментар

Scroll To Top