Насловна / Вести / Комода од 144 фиоки за сите оние кои не сакаат да фрлаат разни мали нешта

Комода од 144 фиоки за сите оние кои не сакаат да фрлаат разни мали нешта

комода (3)Секој од нас има некоја кутија во која чува предмети кои за другите би биле ирелевантни, но за нас имаат исклучително значење како потсетник за некој настан или спомен.

Словеначката дизајнерка Ника Зупанц креира комода Tower које не служи само за чување на разни „меморабилии“ од заборавот, туку и го разубавува просторот, бидејќи се работи за парче мебел со елегантен и интересен изглед.

Фиоките со големина на просечни кутии за накит создаваат несекојдневна комода со цилиндрична форма на шест златни ногарки, и со висина од два метра, пипува Dezeen.комода (1)

Оваа висока комода има 144 фиоки, така што секој заинтересиран за неа може да ги смести сите свои предмети кои ги има собрано уште од своето рано детство.

„Дизајнот е инспириран од сите мали нешта кои изгледаат неважно, но истовремено се суштински дел од нашиот животи, тивко сведочење за нашето минато“, изјави Ника Зупанц.комода (2)

Дизајнерката објаснила дека сите фиоки се направени со CNC машина за да совршено „легнат“ на свое место, и притоа истакна дека за ваков предмет во суштина се најважни математиката и квалитетната машинска обработка

Испрати коментар

Scroll To Top