Насловна / Вести / Irohazaka: Највозбудливиот пат за посета во ноември (видео)

Irohazaka: Највозбудливиот пат за посета во ноември (видео)

Irohazaka е пар кривулести паишта во Јапонија што ги поврзуваат централните провинции Nikko и Oku-Nikko. Zaka на јапонски значи наклон, а Iroha се однесува на првите три букви од старата јапонска азбука.  Патот се состои од 48 кривини, каде на секоја од нив има по една буква од јапонската азбука. Како што азбуката започнува со буквите I-Ro-Ha … така го добил името овој пат.

2_resize

4_resize

Патиштата прв пат се изградени во 1954 и 1965 година, модернизирани се и проширени, но бројот на кривини останува ист. Патиштата се важни како единствена рута на поврзување од Nikko до Oku-Nikko.

Надолната падина (првата Irohazaka), која има 28 кривини, вклучува стојалиште од кое може  да се видат два водопади. Нагорната падина (втора Irohazaka), која има 20 кривини, го има платото Akechidaira на врвот, кое нуди спектакуларен поглед на долината.

7_resize

6_resize

Со жичара, патувањето трае околу три минути, се стигнува до Akechidaira Observation Deck.

Од тука, може да се видат планината Nantai, езерото Chuzenji и водопадите Kegon. Ова е најдоброто место за да бидете заслепени од прекрасната убавина на природата; во лето дрвјата се бујно зелени, додека во зима гледате снежен пејзаж. Најпопуларно време за посета на Irohazaka е есента, кога зеленилото почнува да ја менува бојата и пејзажот е извонреден. Nikko, бидејќи е на поголема надморска височина од околните области, е обоен во топли есенски нијанси од средината на октомври до почетокот на ноември.

1_resize

5_resize

8_resize

9_resize

3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top