Насловна / Вести / Отворен новиот објект на NLB во Скопје

Отворен новиот објект на NLB во Скопје




12.jpg

На површина од 11.950 квадратни метри, на
крстосницата од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и булеварот Водњанска, до ТЦ
“Рамстор” по една година градежни активности, израсна нов објект кој по својот
изглед ги задоволува сите европски карактеристики. Новата деловна зграда на НЛБ
Групацијата во Македонија е изградена и опремена според најсовремените европски
стандарди за деловни простори за банки. Станува збор за т.н. интелегентна
зграда во која е применет Билдинг менаџмент систем кој овозможува централизирано
управување и надзор на системите за греење, ладење, електронски комуникации, системите
за електронска и физичка заштита и за надзор на пристап до и во
објектот.
Зградата има два посебни дела и тоа едниот е на НЛБ, а другиот е петкатна гаража.




13.jpgОвие
два дела над земја се одвоени на растојание од осум метри, но меѓупросторот подземно
не се гледа затоа што објектите се поврзани. Зградата на НЛБ Групацијата има
димензии 46 метри на едната и 43 метри на другата страна. Официјален проектант
е “ИНПУМА”, а проектанти на технолошкиот дел се тим од
НЛБ Групацијата. Надзорен орган на зградата е тимот од Градежниот институт “Македонија”.
Радован Трпкоски, раководител на проектот од НЛБ, вели дека објектот има подрум,
приземје и пет ката и со тоа ги задоволува урбанистичките параметри. “Под
подрумот има посебен дел што ги обединува катната гаража и нашата зграда со
површина од 3.200 квадратни метри. Под земја зградата на НЛБ има две етажни
нивоа каде се наоѓа кеш центарот и паркингот за службените и за возилата на
вработените. Во овој дел има место за паркирање на 50 возила. Внатрешно има четири
атриуми што од надвор не се гледаат затоа што станува збор за голем габарит”, објаснува
Трпкоски. Површината на приземјето и катовите, додава тој, е приближно иста.
Приземјето има површи на од 1.800 квадратни метри, а катовите се по 1.450
квадрати. Причина за различната квадратура е поради тоа што атриумите почнуваат
од првиот кат па нагоре, а не и од приземјето. Висината на објектот до венец е
21 метар што е во согласност со урбанистичките услови. Според Трпкоски,
карактеристично за оваа зграда е нејзината армирано-бетонска скелетна
конструкција со безгреден систем што претставува поекономична варијанта.
“Парапетите се класично ѕидани, а има обработка со природен гранит од прилепско
производство. Еден дел е сив материјал тоа е “алукобонд” од производителот
“Мицубуши”. Стаклата се од белгиско производство и се со зеленкаста боја”,
додава Трпкоски. На целиот објект, објаснува Трпкоски, има 1.510 квадратни метри
прозорски стакла, а на фасадата има калено стакло што е доста јак термопан. Стаклен
е и аголот од зградата што гледа кон булеварот Водњанска. Сето тоа е направено
за да нема големи загуби, но и од безбедносни причини. Во приземниот дел од
зградата околу 90 отсто е стакло што придонесува внатрешноста да има природно
осветлување и проветрување. Интересно,
според Трпкоски, е и тоа што во изградбата на зградата се применети нови
технологии, а една од нив е и четирицевниот систем што овозможува греење и
ладење во исто време на различ ни делови од објектот. Исто така, овозможено е
сензорски да се следи секоја точка од објектот и навреме да се интервенира. Статиката
на објектот , додава нашиот соговорник е посебно третирана и токму затоа во неа
има околу 400 тони повеќе железо отколку што било предвидено во проектот. За
влегување во зградата, објаснува Трпкоски, овозможени се два главни пристапа и
тоа едниот од страната на улицата Мито Хаџивасилев- Јасмин и другиот од кај
булеварот Водњанска. Исто така, има еден службен и влез за експозитурата
сместена во приземјето.


14.jpgОна со што објектот и НЛБ може да се пофалат,
покрај интелегенцијата, според Трпкоски, е токму експозитурата со површ ина од
600 квадратни метри за странки и 1.000 квадрати заднински дел. Во делот за странки
има 10 истурени шалтери, а за одредени клиенти има и посебни простории. “Може
да се пофалиме со тоа што ја имаме првата експозитура каде посебните клиенти не
ги шетаме по шалтери за да извадат поголема сума на пари. Тие седат во посебни
простории, а парите им доаѓаат преку пневматска цевна пошта. Вакви простории се
четири на број. Исто така, новина е и тоа што за прв пат е применето
биометриско читање преку
зениците на очите на вработените, со чија помош се влегува во посебни
простории. Сето ова се наоѓа на приземјето, а останатите катови се за
администрацијата. При изградбата на зградата се мислело на секој сегмент , па
таа има резервни дизел агрегати, потребни ако додје до проблем со
електро-енергетската мрежа. Вредноста на целата инвестиција во зградата и во
опремата изнесува над 30 милиони евра. Најмногу средства се потрош ени за
градежните работи и тоа околу 23 милиони евра, а само опремата за безбедност чини
600.000 евра, вели Трпкоски. Исто така, НЛБ Групацијата има инвестирано и во
изградбата на катната гаража, која обезбедува места за паркирање на околу 500
возила, а која и припаѓа на фирмата “Сити Плаза” која воедно е и изведувач на
градежните инсталационите работи на интелигентната зграда на НЛБ Групацијата
.

 

К.С.

 

Објавено во бр 99, Петок
30.01.2009

Испрати коментар

Scroll To Top