Инженерската институција на Македонија – ИМИ информира за својата одлука 21 март да се прогласи за Ден на македонските инженери. Соопштението го пренесуваме во целост.
Инженерската институција како наследник на традицијата за струково и еснафско организирање на инженерите од 21 март 1920 година до денес, на своето 14 Генерално собрание, донесе одлука 21 март да се прогласи за Ден на македонските инженери.
ДОСЕГА ПОДДРШКА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ДАДОА:
- проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, претседател на Република Северна Македонија.
- Поранешните претседатели на државата, проф. д-р Стево Пендаровски и проф. д-р Ѓорге Иванов.
- Проф. д-р Весна Јаневска, министер за образование и наука.
- Ректорот на Универзитет „Св. Климент Охридски“ и деканите на Технички факултет и Факултет за Информатички и Комуникациски Технологии во Битола.
- Деканите на Факултет за електротехника и информациски технологии, Технолошко- металуршки факултет и Машински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
- Комора на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ
- Стопанска комора на РСМ
- Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.
- Сојуз на стопански комори.
Ги повикуваме сите институции, компании и поединци кои сакат да се придружат на иницијативата да пратат порака на електронската адреса [email protected] .