Насловна / Архитектура / Интеграција на модерна архитектура со природа

Интеграција на модерна архитектура со природа

Резиденцијата De La Canardicre сокриена е длабоко во шума во подножјето на масивот Laurentian во јужен Квебек, Канада. Од куќата се простира поглед на блиското езеро, а нејзината интересна структура овозможува потполна интеграција со пејсажот. 1

Проектот е на канадското архитектонско биро Boom-Town, специјализирано за современа архитектура, воглавном градена од природни елементи. Најголем дел од нивните проекти се сместени во слично природно опкружување.
Обликувањето на оваа куќа е добар пример на интеграција на современата архитектура со природата.

3
Оваа модерна колиба ја прават неколку сегменти, така нејзиниот горен дел, клатот е со класична форма на кровот, поставен на конзола гледа кон езерото, додека основата на куќата е сместена на падина.
Приземниот дел на куќата го карактеризира современ дизајн со рамен кров покриен со цинк, големи прозори и отворен простор во ентериерот.
Впечатлива е и темната боја на дрвената фасада, поради која куќата делува импресивно кога се гледа од далечина.

13
Архитектонското обликување на надворешноста на куќата е одличен пример на интеграција на модерна архитектура со природата, што во случајов е направено на мошне суптилен начин.

12

4

5

6

7

8

9

10

11

14

15

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top