Насловна / Вести / Инспирација од цвет кој цвета еднаш во три милениуми

Инспирација од цвет кој цвета еднаш во три милениуми

Виетнамскиот ресторан Уу Ѓам во Ханој претставува вегетаријанска оаза инспирирана од древна будистичка приказна.
Студиото Le House го потпишува ентериерот на овој интересен ресторан. Трите ката на угостителскиот објект Уу Ѓам претставуваат три будистички периоди: минато, сегашност и иднина.

3

За секој од овие простори одбрани се различни детали, почнувајќи од парчиња намештај, преку салвети, стапчиња за јадење, па се до многубројните растенија кои го красат ресторанот. Меѓутоа едно растение, односно, цвет ставен е во центарот на вниманието на ресторанот.

6
Уу Ѓам е вијетнамски збор за поимот „удумбара“ кој на санскритски значи „цвет од рајот“. Според будистичките списи „удумбара“ е исклучително редок цвет кој цвета само еднаш во три милениума во период кога Буда се појавува меѓу луѓето. По илјадници години собирање на суштината на земјата и рајот, „удумбара“ цвета тихо, претставувајќи чист и драгоцен предзнак на новата просперитетна ера.

7
Инспириран од приказната за мистичниот цвет, ресторанот е изграден со желба да шири позитивна енергија на сите свои гости.
Во Уу Ѓам атмосферата е пријатна и мирна во која се служи исклучително вкусна и здрава храна.

13
„Во секојдневната бука и бркотница, тешко е да се чувствуваш незаробен во оваков простор кој кај човекот буди желба за медитација“, наведуваат архитектите за ArchDaily и додаваат дека секој гостин во ресторанот е ценет токму како цевтот на удумбара. Архитектите од бирото Le House се надеваат дека овој инспиративен ресторан ќе им помогне на гостите да се хранат поздраво и да го пронајдат својот внатрешен мир.

2

14

9

10

11

12

5

2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top