Насловна / Вести / Иновација од Вухан – млазен мотор со нов концепт

Иновација од Вухан – млазен мотор со нов концепт

Научниците од Универзитетот во кинескиот град Вухан, кој во последните месеци се споменува исклучиво во контектс на епидемијата, на светот му го претставија својот револуционерен изум. Во часописот на Американскиот институт за физика, објавен е трудот за овој пронајдок, кој претставува функционален млазен мотор со погон на електрична енергија. Раководителот на проектот, професорот Јау Танг, вели дека неговиот тим бил мотивиран од намалувањето на зависноста на светот од фосилните горива и придонес во борбата со глобалните климатски промени. Нивниот млазен мотор не троши никаква друга енергија, освен електрична, а за остварување на реактивниот погон се користи физиката на плазмата – состојба на целосно јонизирана материја. Досега, научниците изработиле прототип, а решението е примениливо во авијацијата на иднината, бидејќи може да биде алтернатива на млазните мотори на фосилни горива.

jet engine1

jet engine2

jet engine3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top