Насловна / Вести / Иницијатива за спас на салата „Партизан“

Иницијатива за спас на салата „Партизан“

Општина Карпош соопштуваат дека иницирале работна средба во врска со салата „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан), на која присутвувале претставници од Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти.
Сите заинтересирани страни присутни на состанокот заклучиле дека е потребно да се почне со иницијативата за спас на салата „Партизан“ и враќање на стариот сјај на овој објект.
Во изминатиов период, целата јавност е сведок на пропаѓањето на овој „култен“ спортски објект, кој во минатото претставуваше центар за различни спортски активности, простор во кој спортувале голем број на наши успешни спортисти, но се користел и за рекреативни цели.

парт1
Градоначалникот Стефан Богоев уште еднаш ја истакна јасната цел и определба на локалната самоуправа за обнова на објектот.
„Обновата на Партизан треба да претставува добар пример и на национално ниво како запуштените спортски објекти ги враќаме во функција.
Постои волја од сите засегнати институции за конечно решавање на проблемот со оваа сала (која е дадена под концесија), но, истата секојдневно пропаѓа и се прекршени голем број на одредби од договорот за концесија.
Исто така, да нема дилеми, овој простор ќе остане со намена за спорт и рекреација. Нашата цел е навистина да биде во функција на спортот, но да биде достапна и за сите граѓани на Карпош, рече Богоев“.

парт2

Испрати коментар

Scroll To Top