Насловна / Вести / Индексот на опасните честички ПМ 10 останува над препорачаната граница

Индексот на опасните честички ПМ 10 останува над препорачаната граница

skopje zagadenost

Деновиве влажното време делумно го ублажи тешкиот мирис на прашина низ воздухот, но индексот на опасните честички ПМ 10 се’ уште се движи над препорачаната граница од 50 микрограми на м3. Вчера температурните инверзии некаде создаваа магла, која надвисна над веќе загадените делови од државата, па дел од луѓето затвораа прозорци во обидот да се заштитат од штетните материи и облаците чад.

Мерните станици на Министерството за животна средина покажуваа средна до висока загаденост на амбиенталниот воздух. За Тетово, каде локалните жители досега дишеа незагаден воздух само во 56 од 290 денови во 2014, повторно немаше податоци за концентрацијата на честичките. Но, затоа, пак, во скопската англомерација станицата Лисиче покажуваше среднодневни показатели од 350 микрограми на м3, што во превод значи – седум пати позагадено од граничните вредности на прашината ПМ 10. Во Гази Баба беше пет пати, а кај Ректорат, Карпош и Центар четири пати позагадено од пропишаните европски законски регулативи.

Испрати коментар

Scroll To Top