Насловна / Арт и дизајн / Ин Мемориам: Академик Цветан Грозданов, прв министер за култура на независна Македонија

Ин Мемориам: Академик Цветан Грозданов, прв министер за култура на независна Македонија

Во Скопје, на 82 годишна возраст, почина академик Цветан Грозданов, професор византолог, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите и министер за култура во првата Влада на Република Македонија за време и по прогласувањето на независноста (1991/92 година).cvetangrozdanov

Академик Грозданов беше еминентен византолог, а во изминативе три децении исполнуваше интензивна научно – истражувачка работа на бројни научни собири во земјата и во странство, предаваше за средновековната уметност во повеќе градови во поранешна Југославија, во Париз, во Академијата на науките во Прага, на универзитетите во Солун, Истанбул, Рим, Неапол, Софија и др.

Академик Цветан Грозданов со својата појавност, ерудиција и авторитет беше еден од столбовите на македонската наука. Неговиот повеќедецениски опус во византологијата, посветеноста на заштитата на средновековните цркви и посебната грижа што ја имаше кон Курбиново, кон делото на св. Кирил и Методиј и нивните ученици – св.Климент и св. Наум остануваат силен допринос во историјата на уметноста во македонската наука.

Цветан Грозданов е роден 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Имал повеќе должности и функции во општествените тела од доменот на науката и културата, како и на Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје. За својата научна дејност академик Грозданов има добиено голем број престижни награди и одликувања во земјата и во странство, а беше член е на повеќе странски академии на науки и уметности и doctor honoris causa на повеќе универзитети. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 мај 1991, а за редовен член е избран на 20 јуни 1996 година. Во периодот од 2004 до 2007 година беше претседател на МАНУ.

Во 2004 година, од страна на Софискиот универзитет, Грозданов бил награден со „Доктор Хонорис Кауза“

По повод смртта на академик Грозданов, Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет – Скопје во Свечената сала на МАНУ ќе одржат заедничка комеморативна седница на 3 април 2018 година во 13 часот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top