Развиена во соработка со шведскиот центар за заштита на дивите животни Nordens Ark, детската колекција SANDLÖPARE е осмислена да ги инспирира семејствата да го откријат прекрасниот свет на африканската савана преку игра и имагинација и да научат колку е важно да се грижиме за животните и планетата.

Најновото истражување на ИКЕА за играње открива дека само 51% од децата мислат дека имаат доволно време за играње, додека повеќе од половина од родителите (54%) сакаат да поминуваат повеќе време играјќи со своите најмали. Колекцијата SANDLÖPARE, која се состои од 29 производи, ја буди имагинацијата, ја поттикнува играта и го внесува истражувачкиот дух во секојдневниот живот.

Покрај плишаните мајмуни, меркатите и другите животни од саваната, со оваа колекција столчињата стануваат зебри, теписите се претвораат во змии, а со штепана простирка со лик на гепард и шарена торба за складирање, детската соба се претвора во вистински камп во срце на савана.

Сите плишани играчки во колекцијата се направени целосно од 100% рециклирани материјали и секоја од нив поминува низ ригорозни тестови за безбедност и издржливост – од отпорност на кинење до повеќекратно перење во машина. За компанијата ИКЕА, ваквите тестови се клучни во производството на плишани играчки.

„Знаеме низ што минуваат плишаните играчки кога ќе дојдат во нивниот нов дом. Ќе има грицкање, џвакање, истегнување, па дури и играње во калта – и така и треба! Најголемиот предизвик за нас беше вратот на жирафата, бидејќи мораше да остане цврст дури и по повеќекратни перења, а сепак да биде мек и пријатен за играње. За нас тоа беше доста тешка задача, но успеавме и сме многу задоволни од решението“, објаснува Jorge Omar Santoyo Henaine, Product Design Developer во IKEA of Sweden AB.

Уште од 1997 година, сите плишани играчки на ИКЕА имаат везени очи наместо монистри. Она што започнало како мерка за безбедност, со текот на времето се покажало како подобрување на дизајнот – бидејќи очите ѝ даваат на секоја играчка експресивност и карактер. „Кога станува збор за плишани играчки, сè е во очите. Само една везена бела точка може да направи разлика помеѓу лути, среќни, тажни и изненадени погледи.“

„Почетокот на користење на везот за нас беше како да сме нашле ковчег со благо на крајот од виножитото. Обрнуваме многу внимание на усовршувањето на изразите на лицето на нашите плишани играчки. Сега тие се безбедни за играње и полни со карактер.“ додава Jorge.

Покрај играта и имагинацијата што ги внесува во домовите, колекцијата SANDLÖPARE носи и силна порака за грижа за природата.
Колекцијата SANDLÖPARE, достапна е во продавниците на ИКЕА и онлајн, ѝ дава на играта посебен шарм, комбинирајќи достапен, имагинативен и одржлив дизајн кој ја развива креативноста кај децата и нè потсетува колку е важно да го зачуваме детето во нас и светот околу нас.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија