Насловна / Вести / Преку Војводинска полесен пристап до Точила

Преку Војводинска полесен пристап до Точила

Image

Прилепската локална самоуправа продолжува со спроведувањето на годишната програма за подобрување
на комуналната инфраструктура во градот и населените места. Во тој контекст деновиве завршија работите на асфалтирањето на улицата Војводинска, преименувана во Браќа Миладиновци, по што повторно е пуштена во сообраќај. Станува збор за една од најфреквентните улици во градот, која е особено значајна за жителите на населбата Точила за кои претставува влез од долниот дел на населбата и од правецот кај железничката станица.

– Оваа улица е главна артерија кога е во прашање сообраќајот во Точила
и се поврзува со булеварот Гоце Делчев. Од 1983 година, кога е пуштена
во употреба населбата, улицата беше тесно грло и пречка за нормално
одвивање на сообраќајот како поради широчината, така и поради
квалитетот на изведбата. Извршивме реконструкција на целата улица.
Наместо пет, сега улицата е широка 6,2 метри, односно има две коловозни
ленти од над три метри широчина. Изработивме коловозна конструкција со
поставување на основен-тампон слој во дебелина од 30-тина сантиметри, а
врз него и нов слој асфалт со дебелина од 8 сантиметри, кој ги
задоволува сите нормативи и стандарди потребни за овој таканаречен
собирен тип на улици, изјави Илија Карески, раководител на одделението
за урбанизам и комунални работи.

 

П.Д.
Објавено во број 90.

 

Испрати коментар

Scroll To Top