Насловна / Вести / ИСПОЛНЕТ АМАНЕТОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

ИСПОЛНЕТ АМАНЕТОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Image

Пуштен е во употреба новоизградениот пат од Крушево до манастирот “Св. Преобра- жение”. Овој православен храм вгнезден во пазувите на Баба Планина на висина од 1.600 метри, во јавноста познат како манстир кој го градеше Тоше Проески, со патот ќе биде достапен за сите верници и за сите што ќе изразат желба да го посетат ова место. Патот е долг 3.05 километри, а широк 5,5 метри. За неговата изградба, која предвреме ја заврши хрватската компанија ”Конструктор инженеринг”, средства се обезбедени од државниот буџет. Со отворањето на патот практично е исполнет аманетот, последната желба на Тоше кој својот духовен мир и спокојство го црпел токму во манастирот. Уште како мал тој директно бил вклучен во изградбата на манастирот кој верниците веќе го нарекоа светилиште на македонскиот ангел.

– Кога доаѓаше тука уште како мал ќе земеше количка во рацете и полна со камења ја туркаше помагајќи во изградбата на манастирот. Јас му велев, Тоше мајкин, немој ти, ти не си надарен за мајстор, туку имаш дарба за пеење. А тој ќе ми речеше: Не тетко, јас сакам манастирот да се изгради побрзо и тука да доаѓаат многу млади за да им се врати вербата во Бога, се присети 72 годишната крушевчанка Мирјана Ангелевска.

Наскоро се очекува да почнат и работите за изградба на асфалтен пат до над манастирот, на местото викано Вршник каде ќе биде поставен крст висок 33 метри, според желбата на Тоше. Висината на крстот ги симболизира годините кои ги имал Исус кога бил распнат. Карактеристично за ова место е избраната локација. Тоа е највисока точка во целата околина од која може да се гледа една петтина од Македонија, а крстот ќе се гледа и од Лерин. В година на празникот Св. Преображение се очекува во манастирот да се постави мермерниот иконостас кој се изработува во Србија и да се освети црквата во чија непосредна близина се и конаците, кои исто така се во завршна фаза на градба.

 

П.Д.
Објавено во број 90.

Испрати коментар

Scroll To Top