Меѓународно жири ги избра најдобрите од шесте понудени
решенија за идниот мост преку Дунав во Нови Сад.
Првата награда ја доби трудот под шифрата “Лиман“,
кој заеднички го испратија “Поинтинг“ – Марибор, новосадскиот “Центар за
патишта на Војводина“ и љубљански ДЈЦ, соопшти градоначалникот на Нови Сад
Игор Павличиќ, кој беше и член на жирито. Втората награда му припадна на
проектот на фирмата “Унитеф-Цех“ од Будимпешта, а останатите четири труда се
откупени.