Насловна / Архитектура / И Ниш пред Скопје !!

И Ниш пред Скопје !!

Десетици години, генерации медицинари и пред се пациенти од Скопје и Македонија, па и пошироко, сонуваат за нов Клинички центар кој ќе ги подигне условите и услугите на многу повисоко ниво од ова сегашното.

И десетици години се водат расправи за избор на локација со основна дилема

-          1. Да се остане во просторот на сегашниот Клинички центар со сите ограничувања за развој, проблеми со инфраструктура и самата изведба во период од 5-7 год.

-          2. Нов Клинички центар на локација во реон Бардовци со дефиниран ДУП и одлични можности за изведба на содржини, кои покрај медицинските ќе ги задоволи и останатите услужни, комунални и бизнис услови.IMG_9917-Medium

-          И додека ние се мачиме со избор на министер за здраство и се уште далеку од решението што со НКЦ, соседниот “ провинциски “ Ниш го изгради долгоочекуваниот нов современ Клинички центар.QzAk9kqTURBXy82Njg0NWFkMTZmZjJhMzk3Mjk4NDkzZmYyYzhhNjYzYi5qcGVnkZQCzQSwAMKBoTEC

Со пригодна свеченост по повод завршувањето на работите  на комплексот на новиот  Клиничкиот центар во Ниш, беше пуштена во употреба оваа  најмодерна  медицинска установа  во Србија._DSC0473_900x900

Градежните  работи  на новиот  КЦ Ниш завршени се пред два месеци, по што е комплетно опремен со најмодерна опрема. Во објектот се вложени  50 милиона евра – околу 35 милиони за градежни работи и 15 милиона за купување на опремата. Кредитот за изградба на овој центар е обезбеден преку  Европската Инвестициона банка._DSC0489_1000x1000

Во објектот од 50.000 метри квадратни, изграден по моделот на „паметни згради”, по највисоки стандарди, опремен е еден од најголемите операциони блокови во Србија и на Балканот, со 16 најсовремени хируршки сали и три ангиосали, интензивна и полуинтензивн нега.

Во комплексот има и два ургентни центри, дневни болници и повеќе дијагностички центри, и модерен центар за трансплантација на органи._DSC0511_1000x1000

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top