Насловна / Вести / „Хуавеј” подготвен да го замени и „Гугл мапс“

„Хуавеј” подготвен да го замени и „Гугл мапс“

Компанијата „Хуавеј технолоџикс”, после промоцијата на новиот оперативен систем „Хармони ОС” кој ќе го замени „Андроид”, планира во октомври да претстави и сопствен сервис за мапирање, доколку американската влада им забрани користење „Гугл мап” на нивните паметни телефони.
Услугата мапирање на „Хуавеј”, позната како Мап кит, нема да може директно да се користи, но осмислена е да ги охрабри програмериоте да изработат апликации кои се засновани на неговите можности.
Мап кит ќе биде поврзан со локалните сервиси за мапирање и ќе покрива 150 земји и региони.
Американскиот сајт наменет за резервации и сместување „Букинг холдингс”, ќе биде една од софтверските компании кои ќе бидат партнери на „Хуавеј” на работите на мапирање.
Овој чекор е од пресудно значење „Хуавеј” да ја одржи популарноста на своте паметни телефони на меѓународниот пазар. Чанг Пинган, претседателот на деловната група на „Хуавеј” за потрошувачи, истакнува дека повеќе од половина апликации за телефони се зависни од одредување на локацијата на уредот и се потпираат на можноста за мапирање.
Мап кит ќе биде достапен на 40 јазици, ќе нуди услуги на сообраќај во реално време и мошне софистициран навигациски систем кој ќе може да го препознава правецот на трасата на патот. Исто така ќе овозможи мапирање на проширена реалност, додава Пинган.

maps

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top