По Втората светска војна, брутализмот го пронашол својот пат ширум Европа со што не само што ја редефинирал модерната архитектура, туку станал и нов стандард за масовна станбена изградба во предградијата на срушените градови. Бестонските структури од овој период и ден денес стојат како сведоштво на минати времиња, но и како сведоци на големи градежни потфати.

Издавачката куќа Zupagrafikа од Полска објавила книга наречена „Источен блок“ која преку серија фантастични фотографии ги повикува читателите да ги истражуваат бетонските структури кои и денес ги има во Москва, источниот дел на Берлин, Варшава, Будимпешта, Киев и Санкт Петербург.

Книгата чини 19 евра и може да се купи тука.
Фотографии: Alexander Veryovkin и Balázs Csizik за Zupagrafika



Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија