Насловна / Вести / Apple започна со издавање на своја кредитна картичка

Apple започна со издавање на своја кредитна картичка

Американската компанија Apple, започна со издавање на своја кредитна картичка – Apple Card, која е достапна за корисниците на iPhone. Лансирањето на картичката, компанијата го најави уште во март, во партнерство со инвестициската банка Goldman Sachs.  Пријавата се врши преку апликацијата Wallet,  а процесот на одобрување на виртуелан картичка трае неколку минути. За добивање на физичка картичка (изработена од титаниум) потребни се два до три дена, и истата е засега достапна само во САД. Компанијата исто така истакнува дека корисниците кои плаќаат преку апликацијата Apple Pay, добиваат поврат на средства во висина од 2% од вредноста на секоја извршена трансакција.

applecard2

applecard1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top