Насловна / Арт и дизајн / Храна и пијалок кои ќе бидат најпопуларни во 2021 година

Храна и пијалок кои ќе бидат најпопуларни во 2021 година

Британската компанија Деливеро, која се занимава со достава на храна, спроведе истражување за трендовите за 2021 година, кога станува збор за храна и пијалоци.

Најпопуларниот пијалок, особено кај младите, ќе биде кафето со млеко, барем судејќи според социјалните мрежи. Густо, таканаречено кафе Далгона.

hrana1

Во 2021 година, кујната ќе биде одржлива, сезонска, со минимален отпад, а најпопуларна ќе биде јапонската, кинеската и американската, додека аутсајдери се мексиканската и грчката кујна. Италијанската кујна е трета најнепопуларна.

hrana2

Сите намирници ќе бидат тематски избрани, органски и целосно природни, а ова е тренд од оваа година што ќе се рефлектира и во следната.

Месото ќе биде целосно отфрлено и заменето со растителна храна, што е голем пресврт во сите ланци на ресторани за брза храна.

Безалкохолните пијалоци се најпопуларни, а нови се очекува да бидат пуштени во продажба со додавање на зачини и билки како куркума или бибер.

hrana

Испрати коментар

Scroll To Top