Насловна / Архитектура / Хотелот Xadia ги прекројува правилата на архитектурата

Хотелот Xadia ги прекројува правилата на архитектурата

Њујоршки Менхетн ќе биде побогат за уште еден облакодер кој ќе се издвојува со својата форма и височина од 7 метри над околните згради. Marin Architects, кој стои зад овој проект, ефикасно го искористува ограничениот простор, благодарение на паметното користење на локалните прописи за градба. На адресата 57 West 39th Street, ќе никне кула од 42 ката – хотелот Xadia. Хотелот ќе понуди 173 соби, заедно со ресторан и бар на покривот. Врвот на зградата ќе биде осветлен, со што до израз ќе дојде специфичната конструкција со испакнување. Овој дизајн настанал како одговор на предизвиците кои ги поставува ограничениот простор на парцелата и строгите прописи.

xadia1

 

Со имплементација на испакнатиот дел – конзола од 7 метри преку соседните згради, значајно е проширена вкупната површина на зградата.  Zoning Lab, специјализирана служба во склоп на  Marin Architects, се занимавала со анализа на сложеноста нa прописите за зонирање, со цел овој амбициозен проект да се реализира. Изградбата е веќе во тек, а се очекува објектот да биде завршен до средината на 2025 година.

xadia2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top