Насловна / Архитектура / Хотел кој ја менува локацијата во зависност од желбите на гостите

Хотел кој ја менува локацијата во зависност од желбите на гостите

Шведскиот ланец Scandic Hotels на своите гости им нуди мобилни сместувања коишто ги доставува на која било локација на територијата на Скандинавија.

Scandic Hotels оваа услуга почнале да ја обезбедуваат од 2014 година, и тоа со две мобилни хотелски единици коишто до сега ги преместиле на четириесет различни локации низ Скандинавија.mobilen hotel (6)

Овие мобилни единици наречени Scandic To Go можат да се монтираат каде било, во зависност од желбите на клиентите.

Досега, овие два мобилни хотели биле домаќини на повеќе од 200 луѓе. Како што е случај и со сите други хотели, резервација се прави онлајн и потоа ви го праќаат „хотелот“ на вашата посакувана локација.mobilen hotel

Единиците се со големина од осумнаесет квадратни метри, вклучувајќи ја и терасата. Сместувањето располага со брачен кревет и една софа. mobilen hotel (4)

Гостите за време на нивниот престој можат да користат бесплатен Wi-Fi и клима уред, пишува Contemporist.mobilen hotel (3)

Како и во секоја друга регуларна хотелска соба, и оваа има комплетно опремена бања, а гостите имаат на располагање бањарки и средства за хигиена.mobilen hotel (5)

Локацијата може да биде секаде низ територијата на Скандинавија, но мора да биде достапна за камиони кои ги доставуваат овие мобилни сместувања.mobilen hotel (2)

Испрати коментар

Scroll To Top