Насловна / Вести / Хотел кој го издржа тестот на времето – Belmond Grand Hotel Europe во Санкт Петербург

Хотел кој го издржа тестот на времето – Belmond Grand Hotel Europe во Санкт Петербург

Скоро век и половина, Belmond Grand Hotel Europe е едно од знаменитостите на Санкт Петербург.

Ако планирате да престојувате во него, задолжително посетете го ресторанот L’Europe на вториот кат – скапоцен камен, проектиран од архитектот Карл Мекензи во 1905 година!

hotel

Не е случајно што Belmond Grand Hotel Europe се смета за една од главните атракции на северната престолнина. Најстариот луксузен хотел, отворен во Санкт Петербург во 1875 година, има богата историја. Тука престојувале Чајковски и Стравински, нејзиното височество Кралицата Елизабета Втора, познати политичари, арапски шеици и холивудски sвезди. Но, хотелот не е познат само по историското минато, луксузни соби, гурмански кујни и локација во срцето на градот.

hotel1

Тој е наведен како културно наследство поради неговите уникатни уметнички дела што се зачувани на нивните историски локации.

Пред се станува збор за два витражи. Првиот, Аполо на кочија, се појави во 1905 година проектиран од архитектот Карл Мекензен – и наводно е создаден според цртежи на Леон Беноа.

hotel2

Три години подоцна, за време на реконструкцијата на зградата, главната сала е украсена со познатиот таван од витраж, создаден според цртежот на Карл Едуард Брензен со учество на сликарот Николај Рорих. Сопствениците на хотелот не штеделе на материјали: меѓу многуте елементи на витраж има елементи на познатата куќа Тифани.

hotel3

Додека прстојувате во хотелот и уживате во ремек –делата бидете во друштво на вино од импресивната винска листа на ресторанот L’Europe, награден со „печат на извонредност“ 2021 Wine Spectator.

hotel4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top