Насловна / Архитектура / Хоризонталниот облакодер отворен за јавноста

Хоризонталниот облакодер отворен за јавноста

Хоризонталниот облакодер наречен „Кристал“ кој го претставува најистакнатиот дел од проектот „Raffles City Chongqing“ е отворен за посетители. Овој неверојатен облакодер е всушност „небесен“ пешачки мост кој располага со парк и со видиковец со стаклено дно. Поставен е на висина од 250 метри  на врвот на вертикалните облакодери. Долг е 300 метри и тежи нешто повеќе од 12 илјади тони.

oblakoder
Посетителите го почнуваат своето патување на приземјето, каде има изложбен простор направен во соработка со компанијата National Geographic, која детално ја опишува историјата и развојот на градот Чонгкинг, еден од најбрзорастените во Кина. Експресниот лифт ве одведува на врвот за нешто повеќе од 50 секунди, а кога ќе се отвори вратата, посетителите ги пречекува друга изложба која го претставува идниот живот на Марс. Потоа доаѓате во мал парк, пред да стигнете до опсерваторијата за истражување на отворено. Овој видиковец има чист стаклен под и нуди неверојатен поглед на градот и сливот на реката Јалинг и Јангце.

oblakoder1
Покрај овие објекти, во рамките на „Кристал“ ќе има клуб само за членови со два базени, ресторани и барови. Планирано е сè да заврши во следните неколку месеци.
Целиот потфат е сè уште во изградба, дизајниран е од Моше Сафди и содржи осум облакодери.

oblakoder3

oblakoder5

oblakoder4

oblakoder2

Еден коментар

  1. Косто Граоркоски

    Во мајскиот број 292 на Порта3 прекрасен присет и незаборав за Архитектонскиот медалјон на влезот во Градскиот парк- фонтаната „Лотос“ во Скопје од Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top