Насловна / Арт и дизајн / Холански музеј претстави досега непознато дело на Ван Гог цртано со столарски молив

Холански музеј претстави досега непознато дело на Ван Гог цртано со столарски молив

Холандски музеј неодамна претстави досега непознато дело на Винсент Ван Гог – скица за еден од неговите најпознати цртежи, на кој старец седи на стол со рацете на глава. Откритијата на дела на познатиот уметник, кој умрел во 1890 година, се исклучително ретки. Цртежот е во сопственост на приватен колекционер и досега не бил познат. Проверката на автентичноста била релативно едноставна. Трудот со димензии 50 x 30 cm е нацртан со омилената алатка за цртање на уметникот – столарски молив, во негов препознатлив стил, на хартија од 1877 година. Времето на создавање на делото може прецизно да се лоцира во последните недели на ноември 1882, поради две писма кои уметникот ги напишал на 24-ти ноември таа година. Едното писмо е адресирано до неговиот брат, во кое Ван Гог наведува дека направил два цртежи на „старец со лактовите на колена и рацете на глава“. Второто писмо било упатено на колегата уметник, а во него пишува дека планира да направи литографија со споменатата тематика.

starec1

starec2

starec3

Испрати коментар

Scroll To Top