Насловна / Вести / Холандски Ајакс има најодржлив стадион на светот

Холандски Ајакс има најодржлив стадион на светот

Натпреварот помеѓу Ајакс и Баерн во рамките на Лигата на шампиони 2018, заврши нерешено, но сепак холандскиот клуб веќе има една значајна титула. Имено, стадионот на Ајакс ја понесе титулата за најголем европски систем за складирање на енергија кај комерцијален објект. Се работи за стадионот„Јохан Кројф“, некогашна „Амстердам Арена“, најголемиот стадион во Холандија, кој освен на спортски натпревари често е домаќин и на големи концерти и други настани. Системот за складирање на енергија на овој стадион има капацитет од 3MW, и овозможува посигурно и поефикасно снабдување со енергија. Исто така, обезбедува и резервно напојување, и ја растеретува електроенергетската мрежа така што ги ублажува наглите промени на оптоварувањето кои настануваат за време на концертите. Енергијата за оваа огромна батерија се добива од 4.200 соларни панели поставени на покривот на стадионот.

Креатори на овој извонреден проект се компаниите Nissan, Eaton, Bam и The Mobility House  со поддршка на Амстердамскиот фонд за клима и енергија.

JCarena1

JCarena2

JCarena3

JCarena4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top