Насловна / Вести / Хиперпродукцијата на облека води во еколошка катастрофа

Хиперпродукцијата на облека води во еколошка катастрофа

Достапните податоци укажуваат дека секоја година се изработуваат помеѓу 80 и 150 милијарди парчиња облека. Помеѓу 10 и 40% од овие количини не се продаваат. Значи, станува збор за сериозен вишок на годишно ниво. Or Foundation, добротворна организација за заштита на животната средина со седиште во Гана, ја покренала кампањата Speak Volumes, која ги повикува брендовите да откријат колку парчиња облека направиле во 2022 година.

clothes1

 

Досега учествувале 32 мали и средни претпријатија. Британскиот бренд Lucy and Yak произвел 760.951 парчиња. На дното од табелата е шкотскиот бренд  Mlambo, со само 1000 парчиња. Но, сите тие се мали играчи, додека нкој од големите брендови не учествувал во кампањата. За хиперпродукцијата, зборува и податокот дека Zara, еден од најпознатите брендови за брза мода, може да дизајнира, произведе и испорача сосема ново парче облека за само две недели. Бројот на непродадени парчиња облека е „валкана тајна на оваа индустрија“, вели стратегот за циркуларна еконокија и одржливост Франсоа Суше за Гардијан. „Веројатно ќе дојде до голема негативна реакција во јавноста кога луѓето ќе сфатат колку производи остануваат непроаддени“, додал тој. „Прекумерното производство е последица на економијата на обем. Исто така, брендовите се плашат дека ќе пропуштат прилика за пласман, па така секогаш нарачуваат премногу“, заклучил Суше.

clothes2

 

Испрати коментар

Scroll To Top