Насловна / Архитектура / Herzog & de Meuron со проект за „хоризонтални облакодери“ во Москва

Herzog & de Meuron со проект за „хоризонтални облакодери“ во Москва

Славната архитектонска компанија Herzog & de Meuron ги откри плановите за изградба на два блока на згради на местот на некогашната пиварница на брегот на реката Москва.  Швајцарските архитекти планираат да го обноват простот на пиварата Бадаевский, во центарот на Москва. Комплексот е наречен „хоризонтални облакодери“, бидејќи во суштина објектот не оди во височина како класичните облакодери. Напротив височината е само 35 метри, поради заштитениот статус на поранешната пиварница, и ограничувањето за височината на тамошните згради на 75 метри.

HM Moscow 1

Од компанијaта, својот нов проект го нарекле „дел од градот подигнат во воздух“, а идејата е во исто време да се одржува изгледот на модерните облакодери и историското место кое го заземаат. Потполно застаклената фасада пружа панорамски поглед на реката и градот.  Осум “небески вили“ на највисокиот кат имаат пристап кон сопствени градини на покривот, а на три подземни нивоа ќе се наоѓаат гаражи. Заедно со новиот станбен блок ќе биде обновена индустриска зграда од 19ти век, а новиот јавен парк под апартманите ќе ја поврзуваат историската локација со реката.
HM Moscow 2
„Москва е град со богато културно наследство, а нејзината архитектура ги рефлектира авангардните и конзервативните трендови во историјата“, изјавил Jacques Herzog, коосновачот на компанијата. “Нашиот проект ги почитува и повторно ги користи постоечките индустриски згради, додавајќи им радикално современи структури“, додал Herzog

 

Испрати коментар

Scroll To Top