Насловна / Архитектура / „Херцог и де Меурон“ – добитници на RIBA Jencks Award за 2015

„Херцог и де Меурон“ – добитници на RIBA Jencks Award за 2015

Оваа година добитници на значајната награда RIBA Jencks Award се познатото швајцарско архитектонско студио „Херцог и де Меурон“ (Herzog & De Meuron), коешто има извонредна меѓународна кариера, а нивната работа славниот Чарлс Џенкс ја опиша како олицетворение на глобалната потрага по архитектурата на плурализмот, односно флексибилна архитектура за различни култури и нации.

слика-1

Жак Херцог и Пјер де Меурон

Нивните проекти претставуваат препознатлив архитектонски став кој протекува од работниот процес и обврската за создавање интелигентен дизајн, и овозможува креативна флексибилност која се издвојува над останатите архитектонски практики денес.KESS0418_LocalD_210x297NP_2.indd

Vitra Campus, Германија

Во 2002 година RIBA (Royal Institute of British Architects) заедно со донација од страна на Чарлс Џенкс започна доделување на наградата RIBA Jencks Award на истакнати луѓе од полето на архитектурата, коишто дале свој придонес кон развојот на архитектонската теорија и практика.

слика-3_vitra campus

Секоја година, почнувајќи од 2003 година во месец мај започнува процесот на оценување на потенцијалните кандидати, а конечниот избор се врши од страна на самиот Чарлс Џенкс, познатиот архитект и архитектонски теоретичар и критичар, и останати членови кои се променливи во Одборот.

Оваа година, покрај Чарлс Џенкс во Одборот зеле учество David Gloster (RIBA Director of Education), Stephen Hodder (RIBA President and Chairman of Hodder and Partners), Julia Peyton-Jones (Director of the Serpentine Galleries) и Brett Steele (Director of the Architectural Association School of Architecture),

Жак Херцог и Пјер де Меурон, основачите на познатото архитектонско студио своите студии ги завршиле на швајцарскиот Федерален технолошки институт во Цирих во 1975 година заедно со Алдо Роси и Долф Шнебли. Своето архитектонско биро го основале во 1978 година во Базел, а денес тоа фукнционира во состав со партнерите Christine Binswanger, Ascan Mergenthaler и Stefan Marbach. Во моментов имаат вработено преку 440 соработници и работат на проекти низ Европа, Северна и Јужна Америка и Азија.

„Херцог и де Меурон“ (Herzog & de Meuron) се препознатливи по својот дизајн кој се заснова на инвентивна архитектура која е приспособлива кон просторниот, географскиот и културниот контекст создавајќи проекти кои се крајно специфични по својата програмска типологија, вклучувајќи мали приватни вили до енормни објекти од областа на културата и јавната администрација.слика-2_vitra campus

Како едно од најзначајните архитектонски достигнувања може да се наведе нивниот објект на Vitra Campus во градот Вајл на Рајна, Германија, чија програмска конфигурација се заснова на изложување на мебел на брендот Home Collection. Специфичниот дизајн на петкатниот објект, составен од меѓусебно поврзани волумени со коси кровови, е дефинитивно еден од најпрепознатливите архитектонски реализации.

Изложеноста на локацијата каде што е поставен објектот и неговиот впечатлив изглед, не само што го подобруваат инзвонредниот ансамбл на Vitra архитектурата туку играат значајна улога во целиот Vitra кампус бидејќи објектот совршено се надоврзува на веќе постоечките објекти, односно на музејот од Френк Гери од 1989 година и конференцискиот павилјон на Тадао Андо од 1993 година.слика-5_national stadium beijing

Националниот стадион во Пекинг

На него се надоврзува објектот за Националниот стадион во Пекинг, што се издвојува со своите енормни димензии и специфичниот дизајн на просторниот изглед на објектот.

слика-6_national stadium beijing

Главната цел било да се создаде нов вид на јавен и урбан простор којшто ќе привлекува поголема маса на луѓе. Гледано од далечина, целиот објект наликува на еден вид „гнездо за птици“, а истовремено далечната перспектива овозможува јасно дефинирање на заоблените форми на стадионот и мрежата на носечката структура којашто ја обвива целата фасада.слика-7_CaixaForum

Caixa Forum во Мадрид

Друг вид на објект, што придонесува за значајноста на швајцарското архитектонско студио и нивното влијание врз современата архитектонска теорија и практика, е реализацијата на објектот Caixa Forum во Мадрид. Објектот функционира како центар на уметности и во него се инкорпорирани ѕидови од претходно постоечкиот објект на локацијата. Објектот со својата програмско – просторна конфигурација не само што привлекува љубители на уметноста, туку и воопшто љубители на убавата архитектура од целиот свет.слика-8_CaixaForum

Оваа атракција презентирана преку тешкиот неправилен волумен одвоен од земјата преку претходно постоечките ѕидови им пркоси на законите на гравитацијата и ги повикува посетителите да влезат во внатрешноста со цел подобро да го разберат функционирањето на современиот објект.

Целокупниот дизајнерски процес на размислување се заснова на оригинални типологии на дизајн и просторно – програмски решенија, рефлектирани преку инспирацијата од архитектонската практика во минатото, сегашноста и идните проекти. Сето тоа ги прави несомнени добитници на овогодишната награда RIBA Jenks Award, во чиј контекст по добивањето на признанието наградените изјавиле дека посебно се радуваат на оваа награда, бидејќи истовремено ги слави архитектонската теорија и практика.

Исто така, и покрај тоа што имаат публикувано огромен број текстови посветени на архитектурата, се сомневаат во долготранјоста на овие текстови, поради тоа што насловите на архитектонските книги брзо се забораваат. Поради тоа, тие се трудат да не ја одвојуваат архитектонската теорија од реализираните проекти. Објектите не ја следат теоријата, меѓутоа најдобрите објекти секогаш овозможуваат теоретски интерпретации од секаков вид.

Заслужената награда официјално ќе им биде доделена на 29 октомври во Лондон, заедно со паричен надомест од 1.000 фунти и сертификат за успешно работење.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top