Насловна / Вести / „Гучи“ отвори исклучителен ресторан во Фиренца

„Гучи“ отвори исклучителен ресторан во Фиренца

Постои уште една убава вест за сите што сакаат хедонизам на највисоко можно ниво. Креативниот директор на „Гучи“, Алесандро Мишел, го започна проектот наречен Gucci Garden, а кој се наоѓа во Фиренца. Проектот има за цел да понуди различни искуства кога е во прашање историјата на оваа престижна куќа, како и поинакво искуства кога се во прашање музеи и експонати. гучи (3)

Но, покрај тоа, посетителите ќе уживаат и во новото подрачје што Мишел се обидува да го освои, а тоа е гастрономијата. Всушност, отворен е ресторанот Gucci Osteria, кој може да прими до 50 гости кои ќе готви познатиот готвач Масимо Ботура, носител на три Мишелин ѕвезди.гучи (4)

На менито заедно со широкиот избор на пијалоци и мали закуски, ќе се најде и цел спектар на традиционални јадења, а за да дојдете до ресторанот, ќе мора да платите осум милиони евра, од кои дел ќе бидат донирани за реновирање на делови од градот. гучи (1)

Ова не е прв пат модните куќи да влезат и во гастрономската сфера, а причината е, главно, што нивните челници сега се повеќе свесни и внимателно следат на што нивните клиенти се подготвени да трошат пари.гучи (2)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top