IKEA дава одличен попуст за бремените жени, но пред тоа мора да направат нешто мошне бизарно
Насловна / Арт и дизајн / IKEA дава одличен попуст за бремените жени, но пред тоа мора да направат нешто мошне бизарно

IKEA дава одличен попуст за бремените жени, но пред тоа мора да направат нешто мошне бизарно

Популарниот шведски производител на мебел IKEA повторно отиде чекор подалеку кога станува збор за маркетиншки активности. Тие се добро познати дека се далеку понапред во овој домен и ги поместуваат границите, но тие изгледа отишле и можеби малку предалеку овој пат.икеа

Имено, фокусот е сега на бремените жени, односно на идните мајки кои можат да добијат голем попуст кога ќе купуваат кај нив. Сепак, за да се случи тоа, тие мора да уринираат преку нивната реклама која има тест за бременост, а која потоа служи како еден вид на доказ за добивање попуст од 50% од асортиманот IKEA FAMILY, односно детско креветче.

Од брендот IKEA во рамките на огласот „пригодно“ порачуваат за тоа како и уринирањето преку нивните реклами може да ви ги промени животот, но ние сме заинтересирани за тоа кои се тие вработени во IKEA, кои ќе се занимаваат со преземање и проверка на „доказите“. Како и да е, мошне бизарен потег.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top