Насловна / Арт и дизајн / Грција поврати стотици ограбени артефакти

Грција поврати стотици ограбени артефакти

Грција поврати стотици ограбени артефакти, вклучувајќи ја и бронзената статуа на Александар Велики од втори век.

Артефактите се вратени по правна битка со компанијата на британскиот трговец со антиквитети, изјавија официјални лица, пренесе Би-Би-Си.

г1

Робин Сајмс собрал илјадници парчиња во рамки на мрежата на нелегални трговци.

Грција со години се бори да ги поврати ограбените артефакти од музеите и приватните колекции ширум светот.

Грчката министерка за култура Лина Мендони објави дека 351 предмет од колекцијата на Сајмс се враќаат во татковината по 17-годишна правна битка.

г2

Мендони не кажа дали артефактите се поврзани со откритието на италијанската и швајцарската полиција од 2016 година за пронаоѓање на археолошки богатства за кои се тврди дека Сајмс ги складирал во слободно пристаниште во Женева.

Во март, Ватикан врати три фрагменти од атинскиот Партенон, кои ги чуваше со векови.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top