Насловна / Вести / Граѓаните од Карпош со реакции за зонското паркирање

Граѓаните од Карпош со реакции за зонското паркирање

rsz_parking_gtc_moja
Најавата за ширење на зонското паркирање во Скопје поттикна многу негативни реакции кај жителите на главниот град на социјалните мрежи.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ја објави инвестициската програма за 2014-та година, а во неа планирано е ширење на проектот за зонско паркирање низ повеќе реони во Скопје, како Автокоманда, Ново Лисиче, Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Кисела Вода, Водно, Влае и Ѓорче Петров.

Најгласни во негодувањата за ширењето на зонското паркирање низ Скопје, беа жителите на општина Карпош. Според информациите на вработените во општината, простор за паника нема.
Бесплатен паркинг за жителите на општина Карпош лани вети актулениот градоначалник на оваа општина, Стевче Јакимовски.

Според надлежните од општина Карпош, градоначалникот и понатаму е со истиот став, односно во Општина Карпош нема да има зонско паркирање. Од таму велат дека во оваа општина бил спроведен референдум на оваа тема.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top