Насловна / Вести / Градови со најдобар јавен превоз на светот

Градови со најдобар јавен превоз на светот

Магазинот Time Out ја претстави листата која опфаќа 19 градови со најдобар јавен превоз. Листата ја предводи Берлин, чиј јавен превоз е опишан како доверлив, удобен и сигурен. Дури 97% од испитаниците се воодушевени од сообраќајната мрежа на градот, а метрото има дури 175 станици на девет линии кои се едноставни за навигација. Берлин поседува и S-Bahn, односно градско – приградски железнички систем кој ги поврзува предградијата со центарот. На второто место е Прага, а 96% од жителите сметаат дека нивниот град е едноставно да се прошета со помош на јавниот превоз. На третото место е Токио, за чиј јавен превоз се истакнува дека е лесен за користење, дури и за оние кои не знаат јапонски. Комплетната листа од 19-те градови е следна: 1. Берлин; 2. Прага; 3. Токио; 4. Копенхаген; 5. Стокхолм; 6. Сингапур; 7. Хонг Конг; 8. Тајпеј; 9. Шангај; 10. Амстердам; 11. Лондон; 12. Мадрид; 13. Единбург; 14. Париз; 15. Њујорк; 16. Монтреал; 17. Чикаго; 18. Пекинг; 19. Мумбаи.

publictransport1

 

Испрати коментар

Scroll To Top