Насловна / Вести / Градинката „13 Ноември“ како нов енергетски-ефикасен објект

Градинката „13 Ноември“ како нов енергетски-ефикасен објект

Дел од градинката „13 Ноември“ по 64 години современ и реконструиран објект

Децата од градинката „13 Ноември“ не го кријат своето задоволство од делот на новиот реконструиран, современ, еколошки објект. Благодарност од нив до градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и општината за реконструираниот дел и проширување на нивната градинка.

Децата од овој дел на општина Центар по цели  64 години престојуваат во многу подобри услови. Од стариот, руиниран објект останаа само ѕидовите. Се друго е комплетно ново и квалитетно изработено. Реконструирани се канцелариите, ходниците, санитариите, кујната…13 noemvri (3)

Конечно е решен  огромниот проблем со влагата, која имаше штетни последици врз здравјето на децата и вработените, како и со руинираниот паркет и ламинат.

Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, се дистрибуираат со постечкиот приклучок до градската канализациона мрежа.13 noemvri (2)

Сега следува втората фаза од реконструкцијата, а тоа се горниот дел од  занималните, тоалетите, фасадата и административните простории кои ќе бидат готови кон крајот на ноември.

„Градинката „13 Ноември“ со ова ќе биде  современ, енергетски-ефикасен објект.13 noemvri

Испрати коментар

Scroll To Top