Насловна / Архитектура / Градинка „Тесла – наука за цел живот“ од Dva: studio

Градинка „Тесла – наука за цел живот“ од Dva: studio

Gradinka_Tesla (9)
Новобелградската градинка наречена Тесла – наука за цел живот, се наоѓа во Блок 67 и претставува дело на архитектонското студио Dva: studio. Проектот за градинката е дел од петте првонаградени трудови на архитектонско – урбанистичкиот конкурс за проектирање на детски градинки, инициран во 2011та година. Од пет различни локации, три се наоѓаат во општината Нов Белград, меѓу кои како најспецифична се издвојува локацијата во Блок 67.Gradinka_Tesla (6)
Карактерот на локацијата и непосредното опкружување се главните предуслови според кои е добиен полукружниот облик на објектот, како контра форма на околната сообраќајна оска.
Gradinka_Tesla (3)
Градинката е поделена на две функционални зони, зона за сместување и сервисна зона, помеѓу кои се наоѓа влезен хол, аула, како центар на сите комуникации што се развиваат низ објектот.
Gradinka_Tesla (7)
Преку влезниот хол, пристапот до јаслите е овозможен преку внатрешно скалиште и надворешна рампа која ја следи полукружната форма на задната фасада. Со движење по рампата се согледува внатрешноста на објектот низ лентовидни континуирани прозорски отвори, додека пак перфорацијата на фасадната обвивка од другата страна овозможува непречени визури кон урбаното опкружување.
Gradinka_Tesla (8)
Континуираното движење низ објектот, кадрирањето на визури, примената на бела и сива боја и строгиот геометриски облик и волумен му даваат на објектот посебен неомодернистички израз.
Gradinka_Tesla (4)
Применетите архитектонски и дизајнерски елементи придонесуваат градинката да се карактеризира со апстрактен израз кој ја потенцира намената на објектот, како основна мотивација при дефинирање на обликовните и функционални карактеристики.
Gradinka_Tesla (1)

Испрати коментар

Scroll To Top