Насловна / Архитектура / 24 Единици од Zanon + Bourbon Architects

24 Единици од Zanon + Bourbon Architects

24_Единици (6)
Програмата домот за лица со посебни потреби вклучува група од заеднички простории ( рецепција, трпезарија, канцеларии, дневен боравок), како и 24 индивидуални студиа. Композицијата се состои од два компактни волумени, со аплицирана перфорација на секоја од петте фасади.

24_Единици (4)
Првиот волумен кој се простира долж улицата General Chever се издигнува на три нивоа организирани како подрумски простории, заеднички дел и дел од становите за боравење во горните катови. Вториот блок се надоврзува на првата структура преку застаклен коридор и се состои од две нивоа во кои се сместени останатите станбени единици.

24_Единици (3)
Централниот застаклен волумен кој ги поврзува двата волумени обезбедува простор за двоспратен дневен боравок, кој функционира како приемен дел за посетителите.

24_Единици (1)
За фасадната обработка применети се ETERNIT панели на надворешна инсулација, перфорирани со метални рамки исполнети со дрвени прозорски отвори. Шемата на поставување на фасадните панели постепено го следи текот на движењето по улицата.

24_Единици (5)
24_Единици (8)
Архитектонското читање на проектот се карактеризира со едноставност и ефективност, истовремено потенцирајќи ги двата волумени и квалитетот на применетите материјали.

24_Единици (7)24_Единици (2)

Испрати коментар

Scroll To Top