Насловна / Вести / Градина која го облагородува градот

Градина која го облагородува градот

Со впечатливата урбана градина „City Living“, која е наградена не само со златен медал туку и со наградата „Best in Category“, ветеранката на најпрестижниот саем на хортикултура во светот „Chelsea Flower Show”, Kate Gould, испрати силна еколошка порака за важноста на зазеленувањето на градските средини.

Side overview

„City Living“ е модерна градина наменета за типичен урбан блок. Следејќи ја идејата со која се водела при дизајнирањето на градината „The Wasteland“ во 2013 година, дизајнерката создаде градина за станбени блокови во кои има многу малку простор за зеленило, а секоја достапна зона, без оглед колку е мала, се користи за да се обезбеди корисен и пријатен надворешен простор за станарите.

k1

Изгледот на станбените згради честопати изгледа ладен и недостапен, овој вид градина може да го смени тој впечаток, нудејќи атрактивен надворешен простор со удобни и заштитени зони за седење, опкружени со изобилство на зеленило и смирувачки фонтани.

k3

k5

Градината максимално го користи вертикалниот простор затоа што е поставена на три нивоа: приземје, мезанин и горен кат. Се наоѓа на плац со димензии 12 х 6 метри и може да се припои на постојните згради или да се интегрира во нови. Сместена е непосредно до зградата со цел најдобро да се искористи просторот под или покрај зградата, а истовремено им се обезбедува на станарите интересна и облагородена рута до нивните домови и обезбедува потребни живеалишта за птиците и друг жив свет.

k9

k10

На сите три нивоа на градината има места за седење: на горното ниво зоната е покриена со пергола, на мезанининот е сончева, додека на приземјето има уште два заштитени делови од градината наменети за релаксација. Перфорираниот метален панел, како и скалите за чива изработка е користено позадинско осветлено терацо, обезбедуваат стабилност на структурата и истовремено овозможуваат продирање на светлината до пониските нивоа на градината. Ова е важно затоа што секој агол може квалитетно да биде искористен за градинарство.

k8

k2

За озеленување на приземниот дел на градината, користен е микс од тропски растенија кои сакаат сенка, а за горните нивоа, одбрани се растенијата според количината на светлина што ја примаа. Зелените sидови и фонтаната се вклучени во дизајнот на градината со цел да придонесат за смирувачко чувство и да и пружат движење на градината.

k4

Градината е опремена со бамбусов под кој на одржлив начин го произведува британската компанија „Loknan“, додека белите тули кои го формираат релјефниот ѕид ги произведува најголемиот британски производител на тули „Ibstock“. Луксузни декоративни плочки и позадинско осветлено терацо направено по нарачка изгледаат особено привлечно кога градината е осветлена во текот на вечерта.

k7

kk

Компанијата „Anglepoise“ обезбедила две масивни ламби „Original 1227 Giant“ во интензивна портокалова боја, кои пружаат осветлување на долните нивоа, а столчињата изработени од полно дрво, дизајнирани од Mark Gabbertas ја красат зоната за релаксација на мезанинот. Оригиналната скулптура „Nourish“, изработена од Michael Speller, избрана е заради нејзините својства да рефлектира светлина и сместена е на пониското ниво на градината.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top