Насловна / Архитектура / Големата годишна награда 2020 на ААМ не се додели

Големата годишна награда 2020 на ААМ не се додели

Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ за 2020 година, под покровителство на претседателот, не се додели.

Реализираните објекти во 2020 година со своите димензии и намени се одраз на обемот и намената на инвестираните средства, но и на неквалитетното урбанистичкото планирање во земјава.

Пред Комисијата, за избор на изграден објект во 2020 година, кој со архитектонскиот дострел ја одбележува годината, беа презентирани само два објекти: станбено-деловен објект на ул: „Теофан Економов“, Куманово, проект на бирото „Тајфа архитекти“ и DIVAJN Residence by Rosomanov, ул: „Атинска“ бр. 15, Скопје, проект на бирото „ДИВАЈН Зоран“.

Објектите укажуваа на авторскиот напор да се реализира објект кој со својата функција и архитектура ќе ја облагороди средината и ќе биде израз на современите трендови во архитектурата, но со својата реализација скромно го исполниле стремежот.

аам

Комисијата, која работаше во состав: претседател на комисијата Миодраг Радоњиќ-Бато, д. и. а.;  членови: Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, д. и. а., Бојан Каранаков, д. и. а., Бесиан Мехмети, д. и. а. и  Аљоша Шопар, д. и. а. во образложението за својата работа вели: „Комисијата изврши детален, стручен увид во пристигнатите трудови. Комисијата имаше најдобра намера и би сакала да имаше задоволство да додели награда која ќе биде вистински репрезент на квалитетно архитектонско творештво. Воедно ќе го покаже пред јавноста и високиот критериумот на ААМ и нејзината заложба за квалитетна архитектура и нејзино вреднување и оддавање почит.

Пријавените објекти не успеаја да ги исполнат стручните критериуми за проектирање објекти со својата намена во однос на нивната функција и архитектонско обликување.  Не успеа да се одвои објект кој создава комплекс од квалитетни карактеристики не само за архитектурата и за директните корисници на просторот, туку и вредности важни за општествената заедница и за индиректните корисници. Архитектурата треба да создава здрав амбиент, повеќе отколку да биде процес на создавање ексклузивни градби“.

Испрати коментар

Scroll To Top