Насловна / Арт и дизајн / Голема изложба Славко Јаневски и Томе Серафимовски

Голема изложба Славко Јаневски и Томе Серафимовски

Вечерва во Музејот на град Скопје утре вечер во 20 часот ќе биде отворена заедничка изложба на слики, масла на платно, на писателот Славко Јаневски и скулптури во бронза на скулпторот Томе Серафимовски.

2
На изложбата, што ја организира Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе бидат претставени повеќе од 50 дела на овие двајца бардови на македонската култура.
Куратор на изложбата е Емил Алексиев, за делата и уметниците ќе говорат Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов, стихови од Јаневски ќе говори Висар Вишка во музичката придружба на Тони Китановски.

1
За разлика од творештвото на Серафимовски, ликовното дело на Славко Јаневски помалку ѝ е познато на јавноста, малкумина и знаат дека покрај со пишување се занимавал и со сликартсво и ова ќе биде уникатна можност публиката одблиску да се запознае со овој сегмент од неговото уметничкото творештво.

3

Испрати коментар

Scroll To Top