Насловна / Арт и дизајн / Global Design Agenda 2021

Global Design Agenda 2021

Интернет платформата за архитектура и дизајн Architonic го организира настанот Global Design Agenda 2021, низ кој е планирано да се обработат повеќе теми од областа на трендовите во проектирањето, пазарните трендови и презентирањето на проектите.

Во подготовката за овој настан, Architonic направила повеќе интервјуа со архитекти, урбанисти, професионалци од областа на дизајнот и претставници од реномирани брендови, со цел да ги слушне нивните потреби и преференци во однос на темите кои ќе бидат третирани. Како резултат, креирана е програма во која низ 16 фокус недели се третита посебна категорија. Програмата започнува веќе во јануари.

GDA2

GDA1

Целта на Architonic е да се обезбеди структурирана и целно насочена поддршка на професионалците од областа на архитектурата и дизајнот, и покрај тоа што на располагање деноноќно се различни платформи кои обезбедуваат мноштво информации. Овој настан овозможува користење на релевантни и актуелни содржини, како и дискусии  преку повеќе канали. Од друга страна, производителите ќе имаат шанса да учествуваат во засебни секторски осмислени вебинари, кои ќе ги третираат предизвиците на дигиталниот маркетинг.  Распоредот на тематските содржини на Global Design Agenda 2021 е даден во продолжение:

  • 25 јануари
    Мебел
  • 8 февруари
    Јавен простор
  • 1 март
    Технологија
  • 15 март
    Осветлување
  • 29 март
    Бањи
  • 19 април
    Кујни
  • 3 мај
    Текстил
  • 17 мај
    Подови
  • 31 мај
    Дворови
  • 12 јуни
    Одржливост
  • 6 септември
    Мебел
  • 27 септември
    Површини
  • 11 октомври
    Осветлување
  • 25 октомври
    Канцеларии
  • 15 ноември
    Конструкции

Испрати коментар

Scroll To Top